Капитал Охрид

Пребарувај

ВИКЕНД-КУЌА СО ПОГЛЕД НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО - хотел ГРАНИТ

Охрид · Шифра 20 015

Продажба 195.000 €

Податоци

Тип
Куќи
За
Продажба
Локација
Охрид
Адреса
Коњско хотел Гранит
Површина
110 m²
Парцела
295 m²
Двор
197 m²
Гаража
16 m²
Спални
2
Бањи
2
Тераси
1
Катност
Приземје + кат
Шифра
20 015

Опис

Атрактивна локација со прекрасен, отворен и непречен панорамски поглед кон Охридското Езеро.

Самостојна викенд-куќа во туристичката населба Коњско, над хотел Гранит, на приближно 6 км од Охрид.

Површини: Вкупна површина на парцела 295 м², станбена површина 110 м², дворно место 197 м² и гаража 16 м². Објект со катност Пр+1.

Распоред: Приземје - дневна со трпезарија и кујна, спална и бања. Кат - дневна со  трпезарија и кујна, спална, бања и тераса со прекрасен панорамски поглед кон Охридското Езеро.

Карактеристики: Самостојна викенд-куќа со двор, сместена во природно опкружување со богато зеленило. Објектот е за реновирање, со можност за реорганизација на внатрешниот распоред, адаптација и современо уредување според индивидуалните потреби и желби на идниот сопственик.

Локација: Туристичката населба Коњско, над хотел Гранит, на втора линија од Охридското Езеро. Исклучително привлечна местоположба со отворен и непречен панорамски поглед кон езерската шир, околните планини и природниот пејзаж.

Инвестициски потенцијал: Атрактивна можност за создавање сопствена викенд-резиденција, семејна куќа за одмор или недвижност наменета за туристичко издавање. Вистинската вредност на оваа понуда е во нејзината локација, прекрасниот поглед кон езерото и можноста за трансформација на постојниот објект во современа и функционална резиденција.

Инвестирајте во иднината - ОХРИД И ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Светско културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО

Заинтересирани сте?

+389 70 33 16 09 +389 78 23 20 47 Пишете ни

Кажете ја шифрата 20 015 кога ќе се јавите.

Продавате недвижност?

Пратете ни ги деталите за вашата недвижност и ќе ве контактираме.

Понудете имот

Не најдовте што барате?

Опишете што ви треба и ќе ве известиме кога ќе имаме соодветна понуда.

Барате имот?

Јавете ни се

+389 70 33 16 09 +389 78 23 20 47 ТЦ Стара Чаршија (Амам)

Недвижности во Охрид и околината

Станови, куќи, плацови и деловни простори за продажба. Од 2008 година во Стара чаршија.

активни огласи
87
години искуство
18