За нас
Почитувани клиенти,
Добредојдовте на веб страницата на агенцијата за недвижности КАПИТАЛ консалтинг дооел Охрид.
Агенцијата за недвижности КАПИТАЛ консалтинг дооел Охрид започна со работа во октомври, 2008 г.
Се наоѓаме на ул. Македонски Просветители во ТЦ Стара Чаршија (Амам) во Охрид. Локација
Ви нудиме голем избор на станови, апартмани, куќи, викенд куќи, деловни објекти и плацови за продажба како и се грижиме за целокупната административна процедура при прометот со недвижен имот.
Покрај посредување при купување и продажба на недвижен имот, за нашите клиенти ги нудиме и следните административни услуги:
- Пред-договор и Главен договор за продажба;
- Договор за размена;
- Договор за дар;
- Имотен лист;
- Обезбедување на потврда од комуналните претпријатија за подмирени сметки;
- Поединечен упис на право на сопственост во катастар;
- Постапка за приватизација;
- Постапка за наследство;
- Градежно-техничка документација;
- Проценка на недвижност од овластен проценител и
- Други административни услуги согласно потребите на клиентите.
КАПИТАЛ консалтинг дооел Охрид е Ваш најдобар партнер. Направивте вистински избор!
Ви благодариме на Вашата доверба.
Со почит,
КАПИТАЛ консалтинг дооел Охрид
Менаџер, Наташа Спасеска
Продавате недвижност?
Пратете ни ги деталите за вашата недвижност и ќе ве контактираме.
Понудете имотНе најдовте што барате?
Опишете што ви треба и ќе ве известиме кога ќе имаме соодветна понуда.
Барате имот?Јавете ни се
+389 70 33 16 09 +389 78 23 20 47 ТЦ Стара Чаршија (Амам)Недвижности во Охрид и околината
Станови, куќи, плацови и деловни простори за продажба. Од 2008 година во Стара чаршија.