НОВИ ГАРСОЊЕРИ 27 МКВ 31 МКВ 32 МКВ ДАЉАН ОХРИД НА ЕЗЕРСКИ БРЕГ
Воска, Охрид · Шифра 10 182
Податоци
- Тип
- Станови
- За
- Продажба
- Локација
- Воска, Охрид
- Адреса
- Даљан
- Површина
- 27 m²
- Бањи
- 1
- Тераси
- 1
- Кат
- Приземје, 1, 2, 3, 4 кат
- Катност
- Приземје + 4 ката + Поткровје
- Година на градба
- 2026/2028
- Шифра
- 10 182
Опис
Гарсоњери 27 мкв, 31 мкв и 32 мкв, на прекрасна локација во урбаната населба Даљан, 100-тина метри од плажата и Охридското Езеро.
Гарсоњера 27 мкв. Распоред: комфорен дневен престој со кујна, трпезарија и дел за спиење и одмор, бања и ходник. Приземје. Западна ориентација.
Гарсоњера 31 мкв. Распоред: комфорен дневен престој со кујна, трпезарија и дел за спиење и одмор, бања и голем ходник. Приземје. Ориентација исток и запад.
Гарсоњера 32 мкв. Распоред: комфорен дневен престој со кујна, трпезарија и дел за спиење и одмор, бања, ходник и балкон. Кат: 1, 2, 3 и 4. Со лифт. Западна ориентација.
Цена по договор. Паркинг простор со доплата.
Карактеристики: еднособните гарсоњери се наоѓаат во нова зграда во градба, со краен рок на примопредавање почеток на 2028 година. Објектот се гради по современите стандарди и трендови за висококвалитетно, стабилно, комфорно и економично домување, со одлична термо и звучна изолација, со пвц дограма со шест комори и три стакла. Станот ќе има под од првокласен паркет (таркет) и плочки од увоз прва класа, со инсталиран клима уред во дневната соба на секој стан.
Атрактивна, мирна, урбана локација: на само 100-тина метри од плажите и Охридското Езеро, во популарната крајезерска населба Даљан, надвор од градската бучава и сообраќаен метеж, на 1,8 km од центарот на Охрид и градскиот пазар. Во близина има маркети, туристичко-угостителски објекти, плажи и пешачки патеки на крајбрежниот појас кон Струга и преку ридот под Самоиловата тврдина, кон плажите Лабино и Потпеш и стариот дел на Охрид.
Мудра инвестиција со идеален избор на стан за пријатно домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење покрај Охридското Езеро.
Заинтересирани сте?
+389 70 33 16 09 +389 78 23 20 47 Пишете ниКажете ја шифрата 10 182 кога ќе се јавите.
Продавате недвижност?
Пратете ни ги деталите за вашата недвижност и ќе ве контактираме.
Понудете имотНе најдовте што барате?
Опишете што ви треба и ќе ве известиме кога ќе имаме соодветна понуда.
Барате имот?Јавете ни се
+389 70 33 16 09 +389 78 23 20 47 ТЦ Стара Чаршија (Амам)Недвижности во Охрид и околината
Станови, куќи, плацови и деловни простори за продажба. Од 2008 година во Стара чаршија.