КУЌА ВО РАДОЖДА НА СТРУШКАТА РИВИЕРА
Струга · Шифра 20 016
Податоци
- Тип
- Куќи
- За
- Продажба
- Локација
- Струга
- Адреса
- Радожда - Струга
- Површина
- 222 m²
- Парцела
- 197 m²
- Гаража
- 18 m²
- Спални
- 6
- Бањи
- 1
- Тераси
- 2
- Катност
- Приземје + кат
- Шифра
- 20 016
Опис
Недвижниот имот се наоѓа во срцето на туристичката населба Радожда, на брегот на Охридското Езеро, оддалечено 60 метри од езерото, на Струшката ривиера, на приближно 11 км од Струга.
Недвижноста се состои од две куќи, поврзани со надворешни скали и балкони, со заеднички двор и гаража.
Основни карактеристики
Површина на парцела: 197 м²
Вкупна станбена површина: 222 м²
Гаража: 18 м²
Број на објекти: 2
Катност: Приземје + кат
Распоред на просториите
Куќа 1 – приземје и кат, со посебни влезови
Приземјето располага со ходник, кујна со трпезарија и дневна соба. Кујната и дневната соба имаат директен излез во дворот.
На катот кој е со посебен влез има ходник со излез на балкон и две спални соби.
Куќа – приземје и кат, со посебни влезови
Приземјето се состои од две соби со директен излез во дворот.
На катот се наоѓаат две соби, со посебен влез од заедничката тераса.
Двата објекта се меѓусебно поврзани со надворешни скали и балкони. Под скалите се сместени дополнителна кујна и бања, со независен надворешен влез.
Локација и инвестициски потенцијал
Радожда е живописна туристичка населба на западниот брег на Охридското Езеро, препознатлива по својата автентична атмосфера, природно опкружување и традиционална угостителска понуда.
Во непосредна близина на недвижноста се наоѓаат ресторани со тераси покрај самото езеро, кои го надополнуваат атрактивниот туристички амбиент.
Недвижноста се продава во постојната состојба и има потреба од реновирање.
Постојната организација на просторот, двата одделни објекта со независни влезови и можноста за адаптација нудат потенцијал за создавање атрактивна семејна викенд-куќа или објект за туристичко сместување.
Атрактивна локација, комплекс со потенцијал и можност за инвестиција во една од автентичните туристички населби на Охридското Езеро.
Заинтересирани сте?
+389 70 33 16 09 +389 78 23 20 47 Пишете ниКажете ја шифрата 20 016 кога ќе се јавите.
Продавате недвижност?
Пратете ни ги деталите за вашата недвижност и ќе ве контактираме.
Понудете имотНе најдовте што барате?
Опишете што ви треба и ќе ве известиме кога ќе имаме соодветна понуда.
Барате имот?Јавете ни се
+389 70 33 16 09 +389 78 23 20 47 ТЦ Стара Чаршија (Амам)Недвижности во Охрид и околината
Станови, куќи, плацови и деловни простори за продажба. Од 2008 година во Стара чаршија.