Капитал Охрид

Пребарувај

ЕКСКЛУЗИВНА ВИКЕНДИЦА ВЕЛЕСТОВО СО ПОГЛЕД НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Охрид · Шифра 20 013

Продажба 390.000 €

Податоци

Тип
Куќи
За
Продажба
Локација
Охрид
Адреса
Велестово
Површина
191 m²
Парцела
684 m²
Двор
525 m²
Спални
4
Бањи
2
Тераси
1
Катност
Приземје + Поткровје
Шифра
20 013

Опис

Ексклузивна Премиум понуда: 

Атрактивна викендица во Велестово, со прекрасен панорамски поглед на Охридско Езеро, Охрид и планината Галичица.

Вкупна површина на целата парцела 684 мкв. Земјиште под зграда 159 мкв. Внатрешна станбена површина 159 мкв, балкон 32 мкв. Пространо дворно место 525 мкв. Викендица на приземје и мансарда. 

Распоред: Влезен двор со покриена паркинг гаража, приземје со комотен дневен престој со кујна, шанк и трпезарија, спална соба, бања, летна кујна, голема покриена тераса со прекрасен панорамски поглед на Охридско Езеро, ходници, скалишта, три спални соби и бања на кат (поткровје). Голем двор околу целата викендица, хортикултурно уреден и оплемент, за одмор, престој, релаксација и рекреација. 

Карактеристики: релативно нова, добро сочувана градба, со одлична стабилност и квалитет, со исклучителна приватност, за вистински хедонисти,уживање во мирна, чиста природа со бескраен сино-зелен поглед.

Премиум локација: Познатото Охридско село Велество, на околу 1200 метри надморска височина, во пазувите на планината Галичица, со магичен, отворен, панорамски поглед на Охридско Езеро, град Охрид и околните зелени падини. На 4 km од Охрид и бензинската пумпа Билјанини Извори, поврзан со асфалтен пат. 

Ретка, уникатна прилика за мудра инвестиција во вредна недвижност за повеќе идни генерации, со идеални услови за пријатно живеење, времен престој, одмор, уживање и туристичко работење надвор од градската бучава, во природа, близу Охрид. 

Заинтересирани сте?

+389 70 33 16 09 +389 78 23 20 47 Пишете ни

Кажете ја шифрата 20 013 кога ќе се јавите.

Продавате недвижност?

Пратете ни ги деталите за вашата недвижност и ќе ве контактираме.

Понудете имот

Не најдовте што барате?

Опишете што ви треба и ќе ве известиме кога ќе имаме соодветна понуда.

Барате имот?

Јавете ни се

+389 70 33 16 09 +389 78 23 20 47 ТЦ Стара Чаршија (Амам)

Недвижности во Охрид и околината

Станови, куќи, плацови и деловни простори за продажба. Од 2008 година во Стара чаршија.

активни огласи
87
години искуство
18