kapitalohrid.mk

Почетна Станови

Прикажи #:
Сортирај по:
  • 1291_viber_image_2023-07-25_13-42-11-080.jpgЛуксузен опремен апартман со поглед на езеро Горица 1

    Шифра
    10 982
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 316,400

    Луксузен опремен апартман во туристичката населба Горица 1, на самиот брег на Охридско езеро.

    Вкупна површина 144 мкв и тоа: стан 82 мкв, балкон логија 62 мкв. Кат: приземје. 

    Станот располага со: дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, две спални соби со излез на балкон, предсобје, бања, и балкон. Балконот од 62 мкв се протега околу целиот стан, односно секоја соба има сопствен излез на балкон.

    Станот се продава комплетно опремен со мебел и бела техника.  

    Станот се наоѓа во Park Beach Hotel на охридското крајбрежје, во туристичка населба Горица 1. Зградата е релативно нова и истата е градена по најсовремени граадежно архитектонски стандарди, градена е со првокласни материјали.

    Зградата располага со сопствена плажа, сопствен паркинг како и подземни гаражи и складишен простор.

    Прекрасно луксузно  место на самиот брег на Охридско езеро кое плени со чувство на спокој и мир, совршено за туристички престој. 

  • 1290_viber_image_2023-07-20_10-01-00-280.jpgДе Лукс Пентхаус со поглед на езеро во Пештани

    Шифра
    10 981
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 265,000

    Ексклузивна понуда:

    Луксузен опремен Пентхаус во туристичката населба Пештани, на самиот брег на Охридско езеро.

    Вкупна површина 138 мкв и тоа: стан 83 мкв, балкон логија 36 мкв и гаража 14 мкв и помошна просторија ( бокс ) 5 мкв. Кат 5 со лифт.

    Станот располага со: дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, две спални соби со излез на балкон, предсобје, бања, тоалет, перална и балкон. Балконот од 36 мкв се протега околу целиот стан, односно секоја соба има сопствен излез на балкон.

    Станот се продава комплетно опремен со мебел и бела техника.  

    Станот се наоѓа во најлуксузната зграда на охридското крајбрежје. Зградата е релативно нова и истата е градена по најсовремени граадежно архитектонски стандарди, градена е со првокласни материјали и поседува термо и аудио изолација. 

    Комплексот располага со сопствена плажа, сопствен паркинг како и подземни гаражи и складишен простор и за истите се грижат домар и градинар. 

    Прекрасно луксузно и уникатно место на самиот брег на Охридско езеро кое плени со чувство на спокој и мир, совршено за туристички престој. 

  • 1288_viber_image_2023-07-12_15-07-51-747.jpgДе Лукс апартман со поглед на езеро во Пештани

    Шифра
    10 980
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 169,000

    Луксузен опремен двособен стан во туристичката населба Пештани, на самиот брег на Охридско езеро.

    Вкупна површина 81 мкв и тоа: стан 55 мкв, балкон логија 8 мкв и гаража 14 мкв. Кат 2 со лифт.

    Станот располага со: дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, спална соба со излез на балкон, предсобје, бања и балкон. 

    Станот се продава комплетно опремен со мебел и бела техника.  

    Станот се наоѓа во најлуксузната зграда на охридското крајбрежје. Зградата е релативно нова и истата е градена по најсовремени граадежно архитектонски стандарди, градена е со првокласни материјали и поседува термо и аудио изолација. 

    Комплексот располага со сопствена плажа, сопствен паркинг како и подземни гаражи и складишен простор и за истите се грижат домар и градинар. 

    Прекрасно луксузно и уникатно место на самиот брег на Охридско езеро кое плени со чувство на спокој и мир, совршено за туристички престој. 

  • 1265_20220309_115219.jpgЈужен стан во Скопје, до Влада на РМ 94 мкв

    Шифра
    10 966
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 116,000

    Ексклузивна понуда:

    Стан во Скопје на една од најелитните локации во самиот центар на градот.

    Станот се наоѓа на ул. Илинденска, на самиот почеток, неколку метри од Влада на Република Македонија.

    Станот е неодамна реновиран и е во одлична состојба.

    Површината на станот изнесува 60 мкв а исто така поседува реновирана помошна просторија од 34 мкв.

    Распоред:индивидуална кујна со трпезарија, дневна соба со излез на балкон, спална соба и бања.

    Станот се наоѓа во куќа, тоа значи дека скалиштата во внатрешноста на истата се заеднички со станот од спротивната страна.

    Куќата во која се наоѓа станот е заштитена со закон за староградска архитектура и истата не смее да се руши.

    Поради својата местоположба, станот и помошниот простор се погодни и за деловни простории. 

    Прекрасно место во срцето на градот совршено за фамилијарно домување.

  • 1071_DSC03444.jpgЕксклузивно Трособен стан дуплекс 102 мкв

    Шифра
    10 824
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 110,000

    Екслкузивна понуда

    Трособен комфорен стан во Охрид, во урбана зедница 8-ми Септември, на улица Охридска бригада бр.72, во близина на центарот на градот.

    Површина 102 мкв. Кат 2+Ма без лифт. Ориентација југ-исток-запад.

    Распоред: дневна со трпезарија со излез на балкон, кујна, 3 спални, бања и wc. Дневната и кујната се на кат 2 а спалните на мансарда.

    Станот се наоѓа во зграда понова градба со ПВЦ прозори, дврени внатрешни врати, под плочки, надворешни ролетни.

    Напомена: зградата нема паркинг.

    Станот се продава делумно опремен.

    Агенцијата поседува ексклузивно право на продажба на овој имот.

Страна 1 од 7

Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian