Луксузен опремен апартман во туристичката населба Горица 1, на самиот брег на Охридско езеро.
Вкупна површина 144 мкв и тоа: стан 82 мкв, балкон логија 62 мкв. Кат: приземје.
Станот располага со: дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, две спални соби со излез на балкон, предсобје, бања, и балкон. Балконот од 62 мкв се протега околу целиот стан, односно секоја соба има сопствен излез на балкон.
Станот се продава комплетно опремен со мебел и бела техника.
Станот се наоѓа во Park Beach Hotel на охридското крајбрежје, во туристичка населба Горица 1. Зградата е релативно нова и истата е градена по најсовремени граадежно архитектонски стандарди, градена е со првокласни материјали.
Зградата располага со сопствена плажа, сопствен паркинг како и подземни гаражи и складишен простор.
Прекрасно луксузно место на самиот брег на Охридско езеро кое плени со чувство на спокој и мир, совршено за туристички престој.