Ексклузивна понуда:
Луксузен опремен Пентхаус во туристичката населба Пештани, на самиот брег на Охридско езеро.
Вкупна површина 138 мкв и тоа: стан 83 мкв, балкон логија 36 мкв и гаража 14 мкв и помошна просторија ( бокс ) 5 мкв. Кат 5 со лифт.
Станот располага со: дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, две спални соби со излез на балкон, предсобје, бања, тоалет, перална и балкон. Балконот од 36 мкв се протега околу целиот стан, односно секоја соба има сопствен излез на балкон.
Станот се продава комплетно опремен со мебел и бела техника.
Станот се наоѓа во најлуксузната зграда на охридското крајбрежје. Зградата е релативно нова и истата е градена по најсовремени граадежно архитектонски стандарди, градена е со првокласни материјали и поседува термо и аудио изолација.
Комплексот располага со сопствена плажа, сопствен паркинг како и подземни гаражи и складишен простор и за истите се грижат домар и градинар.
Прекрасно луксузно и уникатно место на самиот брег на Охридско езеро кое плени со чувство на спокој и мир, совршено за туристички престој.