kapitalohrid.mk

Почетна Станови ЕКСКЛУЗИВЕН АПАРТМАН 63 МКВ НАД ПЛАЖА ОХРИДСКО ЕЗЕРО КАЈ ПЕШТАНИ

id:1288
Шифра
10 005
Тип
Станови
Земја
Македонија
За
Продавање
Локација
Пештани
Површина
63м2
Гаража
14
Кат
2
Спални
1
Тераси
1
Бањи
1
Цена
EUR € 169,000

Ексклузивна понуда:

Луксузен, комплетно опремен двособен апартман до Пештани, на самиот брег на Охридското Езеро.

Вкупна површина 81 мкв, стан 55 мкв, балкон 8 мкв, гаража 14 мкв и бокс-остава 4 мкв. Кат 2, со лифт.

Апартманот располага со комфорен дневен престој со трпезарија, кујна и излез на балкон, спална соба со излез на балкон, претсобје, бања, гостински тоалет и балкон со директен, отворен, магичен поглед кон Охридското Езеро.

Станот се продава комплетно опремен со модерен мебел и сите апарати за домаќинство-бела техника.  

Атрактивна локација над магистралниот пат Охрид-Пештани-Свети Наум, 10-тина метри од плажата на Охридското Езеро, 12 km од градот Охрид, непосредно пред туристичката населба Пештани.

Апартманот се наоѓа во релативно нова, луксузна зграда на охридското крајбрежје, со концепт по најсовремени европски градежно-архитектонски стандарди, изградена со висококвалитетни материјали на познати бренд производители, со термо и звучна  изолација, модерен внатрешен дизајн на заедничките простории, убаво осмислена и уредена околина.  

Комплексот располага со сопствена, чиста, уредена плажа, сопствен надворешен паркинг, покриени гаражи и складишен простор на затворено приземје, за што се грижат домар и градинар. 

Уникатно, интимно место на самиот брег на Охридското Езеро кое плени со чувство на спокој и уживање, во еко средина, со директен, отворен поглед кон езерото и планината Галичица, совршено за ексклузивно домување, времен престој, туристичко работење, одмор и рекреација 

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian