Ексклузивна понуда:
Земјиштето се наоѓа во Крушево, на атрактивна локација, над езерото со квадратура од 23.784 мкв.
Земјиштето се наоѓа на КП 1930 во КО Крушево - вон град.
Цената на земјиштето е 4 евра за мкв.
Земјиштето има природен извор на вода - поток.
Во непосредна близина на земјиштето на околу стотина метри има приклучок за струја.
Големината на земјиштето, повеќе од 2 хектари, како и неговата локација, околу езерото Крушево, дава чувство на спокој и мир.
Крушево е град кој се наоѓа на највисока недморска височина на Балканот. Има жичара и прекрасни скијачки терени. Одлични терени за оф роуд тури, параглајдерство, планинарење итн. Крушево е град на историското Илинденско востание и Крушевска Република зачеток на современата Макодонска држава. Крушево е родниот град на светски познатата поп ѕвезда Тоше Проески каде што е изграден и музејот во негова чест - Спомен куќата Тодор Проески.
Последите децении Крушево од година во година се развива во се поатрактивен туристички центар во Македонија.
Прекрасно место опкружено со недопрена природа со одлични преспективи за инвестирање.