kapitalohrid.mk

Почетна Плацови / Ниви

Прикажи #:
Сортирај по:
  • 1438_Lokacija Final Niva Andon Dukov Miki Filev.jpgАТРАКТИВНО ЗЕМЈИШТЕ ОД 5.771 мкв во Андон Дуков Охрид

    Шифра
    40 010
    Тип
    Плацови / Ниви
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 350,000

    Ексклузивна понуда! 

    Земјиште со површина од 5.771 мкв, кај кампот „Андон Дуков“, Општина Охрид, веднаш до крајбрежниот пат Охрид-Струга. 

    Атрактивна локација: 200 метри од Охридското Езеро, 3 километри од влезот во Охрид кај населбата Даљан, 4 километри до строгиот центар на Охрид. 

    Земјиштето е со одлични услови за изградба на хала со површина од 500 мкв, наменета за организација на различни настани, свадби и други прослави, како и за развој на други дејности.

    На земјиштето во непосредна близина на Охридското Езеро, се планира изградба на 15 бунгалови за сместување на гости, за угостителско, туристичко и друго работење.

    Поради близината на Охрид и Струга, атрактивната, мирна локација во прекрасното природно опкружување на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, со одлична инфраструктурна и сообраќајна поврзаност со регионот и Македонија, земјиштето нуди совршени можности за инвестирање во развојни бизниси со успешна и бериќетна иднина. 

     


  • 1358_NOVO LOGO KAPITAL.jpgЗемјиште во Велгошти 271 мкв

    Шифра
    40 009
    Тип
    Плацови / Ниви
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 8,000

    Земјиште во Велгошти

    Квадратурата на земјиштето изнесува 271 мкв.

    Земјиштето се наоѓа на 2225/1, Имотен лист број 4085 - Велгошти.

  • 1349_NOVO LOGO KAPITAL.jpgУрбанизиран плац за станбена зграда во Рача 855 мкв

    Шифра
    40 008
    Тип
    Плацови / Ниви
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 280,000

    Урбанизиран плац за станбена зграда во прекрасната туристичка населба Рача.

    Квадратурата на плацот изнесува - 855 мкв. 

    Според урбанистички план, предвидена е А2 - станбена зграда - П+2+Поткровје. 

    Маркицата во основа изнесува 255 мкв, додека вкупно изградена површина изнесува 1020 мкв. 

    Одлична прилика за изградба на станбена зграда на атрактивна туристичка локација. 

  • 1328_NOVO LOGO KAPITAL.jpgЗемјиште во С.Љубаништа

    Шифра
    40 007
    Тип
    Плацови / Ниви
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 37,000

    Ексклузивна понуда:

    Земјиштето се наоѓа во С.Љубаништа а квадратурата изнесува 2037 мкв.

    Земјиштето се наоѓа на пат, а во непосредна близина има струја и вода.

    Плацот се наоѓа на КП - 389, КО -  Љубаништа.

    Прекрасно место опкружено со недопрена природа. 

  • 1327_NOVO LOGO KAPITAL.jpgПлац во С.Трпејца

    Шифра
    40 006
    Тип
    Плацови / Ниви
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 0

    Ексклузивна понуда:

    Плацот се наоѓа во С.Трпејца а квадратурата изнесува 2277 мкв, но истиот може и да се подели на помали делови. Цената на плацот изнесува 35 евра по мкв. 

    Плацот се наоѓа над С.Трпејца, на 35 мкв од главниот пат.  Инфраструктура: вода, струја и земјен пат. 

    Плацот се наоѓа на КП - 790, КО - Трпејца. 

Страна 1 од 2

Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian