
ЕКСКЛУЗИВНА ПОНУДА.
Комфорен, готов, опремен стан во строг центар Охрид, со поглед на езеро и стар град. На 100 m од чаршија и 200 m од кејот на Охридското Езеро.
Вкупна површина 100 мкв. Внатрешна површина на стан 90 мкв, балкон 10 мкв. 5 кат. Ориентација југозапад.
Распоред: комотен дневен престој, кујна и трпезарија, 2 спални соби, фоаје, бања и балкон со поглед на Охридско Езеро и ридот со стариог град.
Станот се продава комплетно опремен, со нов, модерен мебел во одлична состојба, бела техника и сите апарати за домаќинство. Во договор може да се продаде и делумно опремен или празен стан.
Карактеристики: станот е во релативно нова зграда со лифт, градена според современите стандарди и трендови за квалитетно домување. Располага со сопствено парно греење, подови од паркет и плочки, пвц столарија со одлична изолација, клима уред, ролетни со жалузини и др.
Премиум атракривна локација: Строг Центар на Охрид, урбано срце на градот, само 100 метри од чаршијата и плоштадот Св. Климент Охридски, 200 метри од Охридското Езеро и плажите, непосредно, пеш достапна локација до маркети, аптеки, банки, услужни дејности, институции и сите содржини на Охрид.
Идеален избор на квалитетен дом за живеење и времен престој, исплатлива инвестиција за идните генерации, со одлични можности за одмор, релаксација, рекреација и профитабилно туристичко работење.
ЕКСКЛУЗИВЕН ПЕНТХАУС ПЕШТАНИ 116 МКВ СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРО¶Ексклузивен, комплетно опремен пентхасус пред туристичката населба Пештани, над плажа. Магичен, отворен поглед кон цело Охридско Езеро.
Вкупна површина на пентхаус апартман 116 мкв. Внатрешна станбена површина 73 мкв, балкон 43 мкв, бокс остава на покриено приземје 3 мкв. Последен кат. Ориентација југо-запад.
Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија со поглед на езеро, 2 спални соби, 2 бањи, дегажман, простран балкон со прекрасен, панорамски, широк поглед на Охридско Езеро, околните планини и шуми.
Пентхаусот се продава со нова, одлично сочувана, модерна опрема, мебел и сите апарати за домаќинство.
Карактеристики: висококвалитетен, докажано стабилен, релативно нов апартмански објект, изграден според современите европски стандарди, трендови и материјали со врвен квалитет на познати брендови, со одлична хидро, термо и звучна изолација, извонредни услови за комфорно и економично домување. Објектот располага со сопствен, голем, отворен паркинг простор, дизајнирани заеднички простории, лифт и обезбедено професионално тековно одржување, од страна на домар и градинар.
Уникатна можност за пријатно, спокојно домување и одмор, во природен зелено-син амбиент и приватна, уредена, чиста плажа, на неколку 10-тина метри од апартманскиот комплекс.
Ексклузивна прилика за мудра, исплатлива инвестиција со избор на вредна недвижност на источниот брег на Охридското Езеро, во мирна, живописна природа, на 12 километри од Охрид, сообраќајно поврзано, во близина на маркети, продавници, ресторани, хотели, плажи, патеки за пешачење и планинарење. Совршен избор за пријатно домување, времен престој, релаксација, рекреација и туристички бизнис. Ретко парче охридски езерско-планински рај, идеално местоп за уживање на вистинските хедонисти.
ГОТОВ ТРИСОБЕН СТАН 80 МКВ СТРОГ ЦЕНТАР ОХРИД СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРО¶Веднаш вселив комфорен, трисобен стан со поглед на Езеро и стар град, во строг центар Охрид, до чаршија и стариот чинар.
Вкупна површина 80 мкв: Стан 68 мкв, 2 балкони 9 мкв, подрум 3 мкв. Распоред: влезен ходник, комотен дневен престој со кујна, трпезарија и камин, балкон на источна страна, голема спална соба, бања, ходник, детска соба, гостински тоалет, балкон со поглед кон Охридскиот рид и езерото. Кат 5 (последен), ориентација југ-исток.
Карактеристики: зграда од понов датум, со одличен квалитет, градена според современите стандарди, со лифт. Блиндор сигурносна влезна врата, под од паркет и плочки, пвц опрема, енергетска ефикасност, систем со парно греење на струја, надворешни ролетни.
Премиум локација: овој комфорен стан е во урбаното срце на Охрид, на булевар Туристичка, во непосредна близина на чаршијата и градскиот пазар, со лесна, пеш достапност до главните плоштади, стариот чинар, градскиот парк, кеј и пристаниште, маркети, институции, банки, бутици, хотели, ресторани, кафулиња и сите содржини во централното подрачје на Охрид.
Мудра, долгорочна инвестиција во недвижност со постојано зголемување на вредност, за квалитетно домување, времен престој, одмор и профитабилно туристичко работење.
ДВОСОБЕН ОПРЕМЕН СТАН 69 МКВ СТРОГ ЦЕНТАР ОХРИД БЛИЗУ ЕЗЕРО¶Готов, веднаш вселив стан 69 мкв, Охрид Строг Центар, I урбан блок до езеро. Цена 2.500 Евра/m².
Вкупна површина: 69 мкв. Внатрешна површина на стан 58 мкв, голем балкон 11 мкв. Кат 6, со лифт. Исток-југ ориентација, со поглед кон Охридското Езеро, шеталиштето, кејот и планината Галичица.
Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија, спална соба, бања, ходник и голем балкон.
Станот се продава комплетно уреден, со мебел, целосна опрема, сите елементи и апарати за домаќинство, под од паркет и плочки, клима уред и др.
Станот е во релативно стар објект, изграден последните децении, според сите архитектонски, градежни стандарди и современи трендови за докажано безбедно, квалитетно, економично и комфорно домување,
Премиум атрактивнма локација: Строг Центар на Охрид, 1 минута пеш до Охридското Езеро, градското шеталиште, кејот и плажите, во непосредна близина на главниот плоштад Свети Климент Охридски, градскиот парк, главното пристаниште, чаршијата, маркети, ресторани, кафетерии, хотели, банки, зградата на Општина Охрид, други институции и услужни дејности.
Ретка можност за мудро, долгорочно профитабилно инвестирање во квалитетен стан во урбаното срце на Охрид, во непосредна близина на сите содржини на туристичкиот бисер. Идеална можност за избор на атрактивен, готов, веднаш вселив стан со имотен лист, за пријатно, функционално домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење во најцентралната градска зона на Охрид.
ЧЕТИРИСОБЕН СТАН 102 МКВ БУЛ. ТУРИСТИЧКА ОХРИД ЦЕНА ПОВОЛНА¶Четирисобен стан во градба во нов објект на булевар „Туристичка“, непосредно до хотел Фламенго. 1 km од строг Центар на Охрид, 700 метри од плажата Даљан и Охридското Езеро. Цена најповолна во Охрид.
Вкупна површина на стан: 102 мкв. Кат 4, со лифт. Ориентација исток.
Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија, 3 спални соби, бања, гостински тоалет, ходник и балкон.
Можност за купување паркинг простор со доплата.
Станот се наоѓа во нов објект во градба, кој се гради според сите современи стандарди и трендови за безбедно, квалитетно, економично и комфорно домување. Рокот за довршување на градбата е крај на 2028 година.
Локација: до булевар „Туристичка“, во нов урбан дел на Охрид, во близина на хотел Фламенго. На 1 km од строгиот центар на Охрид и градскиот пазар, во близина на маркети, ресторани, зелено пазарче, хотели, бензински пумпи и други услужни дејности.
Цена поволна, 1.600 Евра/мкв. Тотал = 163.200 Евра.
Одличен избор на стан за комфорно урбано домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење.