kapitalohrid.mk

Прикажи #:
Подреди по:
  • 1189_Capture 1.PNGУрбанизиран плац во туристичка зона Горица 2485 мкв

    Шифра
    40 074
    Тип
    Плацови / Ниви
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 310,000

    Ексклузивна понуда:

    Урбанизиран плац во Охрид, на атрактивна локација, во туристичката зона “Горица“.

    Плацот се наоѓа на КП 6022/1,6022/2,6023/2,6481/18 и 6482/15, согласно Имотен лист број 103857 КО Охрид 4 со вкупа површина од 2.485 мкв.

    Плацот е урбанизиран согласно Измена и дополнување на урбанистички план вон населено место за дел од крајбрежен простор туристички локалитет Горица - Свети Стефан - Метропол за дел од туристичка населба “Горица - Исток“.

    Градежната парцела е со намена А4 - времено сместување (вила со апартмани), маркица со површина 622 мкв, со катност П+2 и вкупно изградена површна 1.867 мкв.

    Плацот е на терен со пад со прекрасен панорамски непречен поглед на Охридското езеро и градот Охрид.

    Плацот комуникациски е поврзан со градот и плажите со приклучен асвалтиран пат до автопатот Охрид-Свети Стефан. Оддалечен е 1 км од плажата Парк и 2 км од Охрид.

    Плацот е одлична инвестиција за изградба на туристички апартмански комплекс.

     

  • 1287_Screenshot 2023-06-26 132358.pngЗемјиште во Крушево 23.784 мкв

    Шифра
    40 087
    Тип
    Плацови / Ниви
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 95,000

     Ексклузивна понуда: 

    Земјиштето се наоѓа во Крушево, на атрактивна локација, над езерото со квадратура од 23.784 мкв.

     Земјиштето се наоѓа на КП 1930 во КО Крушево - вон град.

    Цената на земјиштето е 4 евра за мкв.

    Земјиштето има природен извор на вода - поток.

    Во непосредна  близина  на  земјиштето на околу стотина  метри има приклучок за струја.

    Големината на земјиштето, повеќе од 2 хектари, како и неговата локација, околу езерото Крушево, дава чувство на спокој и мир.

    Крушево е град кој се наоѓа на највисока недморска височина на Балканот. Има жичара и прекрасни скијачки терени. Одлични терени за оф роуд тури, параглајдерство, планинарење итн. Крушево е град на историското Илинденско востание и Крушевска Република зачеток на современата Макодонска држава. Крушево е родниот град на светски познатата поп ѕвезда Тоше Проески каде што е изграден и музејот во негова чест - Спомен куќата Тодор Проески. 

    Последите децении Крушево од година во година се развива во се поатрактивен туристички центар во Македонија.

    Прекрасно место опкружено со недопрена природа со одлични преспективи за инвестирање.

  • 1294_Screenshot 2023-08-30 125731.pngПлац на ул. 8ми Март 559 мкв

    Шифра
    40 088
    Тип
    Плацови / Ниви
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 80,000

    Ексклузивна понуда:

    Плац на ул. 8ми Март со вкупна површина од: 559 мкв и тоа: 

    - земјиште под зграда: 17 мкв,

    - двор: 237 мкв и 

    - градежна парцела: 305 мкв.

    Плацот се наоѓа стотина метри од ул. Железничка. 

  • 1322_viber_image_2024-02-21_14-20-11-022.jpgЕксклузивно земјиште во Крушево 17.000 мкв

    Шифра
    40 093
    Тип
    Плацови / Ниви
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 76,500

     Ексклузивна понуда:

    Земјиште во Крушево на атрактивна локација над градот, 17.000 мкв

    Земјиштето се наоѓа на КП 2281 и 2282 во КО Крушево - вон град.

    Вкупната квадратура на двете парцели изнесува 18.600 мкв, но на продажба се 17.000 мкв. 

    Прекрасно место опкружено со недопрена природа. 

  • 1191_Capture 1.PNGЕксклузивно Урбанизиран плац Стар град 125 мкв

    Шифра
    40 076
    Тип
    Плацови / Ниви
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 75,000

    Ексклузивна понуда:

    Урбанизиран плац во Охрид, на топ локација, во Стар Град - Варош, на ул. Бранко Шотра, над Чаршија.

    Плацот се наоѓа на КП 15194 во КО Охрид 3 и КП 15198 -дел во КО Охрид 3. 

    Плацот е урбанизиран согласно ДУП за ПЦГП М3-10 Центар-дел, МЗ-11-6 Стар Град и МЗ-6 Кошишта.

    Според урбанистичкиот план има услови за градба за Индивидуална семејна куќа со катност П+1 со габарит во основа 68 мкв. 

    Локацијата има простор за паркинг и дворно место.

Страна 1 од 4

Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian