kapitalohrid.mk

Прикажи #:
Подреди по:
  • 1208_20180506_142634.jpgЕксклузивно Еко Ресорт Вила Арт Момир

    Шифра
    20 095
    Тип
    Куќи
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 0

    Ексклузивна понуда

    “Еко ресорт Вила Арт Момир“ во село Опеница - Охрид.

    Еко ресортот е сместен на Опеничка река во еколошки чиста и недопрена природа. 

    Објекти во состав на ресортот:

    * Вила со 12 двокреветни апартмани со бања и затворени тераси. Апартманите се опремени со мебел во рустичен стил кој му дава топол амбиент на просторот во духот на селска идила.

    * Зимски ресторан комплетно опремен;

    * Летен ресторан - со платформа над река и базен за крапови. Ресторанот е комплетно опремен;

    * Спа центар со финска и парна бања, џакузи и чајна кујна.

    * Два надворешни шанкови и летниковци

    * Надворешен базен.

    Ресортот е одлична бизнис инвестиција бидејќи живееме во ера кога бегството во чиста и недопрена природа, така наречен алтернативен еко туризам, е светски тренд како најпосакуван избор од туристите за бегство од секојдневниот урбан живот и одмор и релаксација во мирна селска идила. 

    Цена по договор.

  • 941_dsc00946.jpgЕксклузивно Куќа во Центар

    Шифра
    20 073
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 0

    Ексклузивна пондуда:

    Куќа со центарот на Охрид, во непосредна близина на градски Пазар, Охридска банка и хотел Чинго, лепенка со вила Пиано.

    Вкупна површина на парцела 200 мкв и тоа земјиште под зграда 97 мкв и дворно место 103 мкв.

    Куќата е со катност П+2. Можност за  доградба П+3+Пк според Детален урбанистички план за Урбана зона 1 Блок 1.2, 1.4 и дел од Блок 3.4 за КП 14589 КО Охрид 3.

    Вкупна станбена површина на куќа 200 мкв. Гаража 30 мкв.

    Распоред на приземје: дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, бања, предсобје и балкон.

    Распоред на кат 1: дневна со трпезарија и куна со излез на балкон, спална, бања, предсобје и 2 балкони од кој едниот е со површина од 30 мкв

    Распоред на кат 2: 4 спални, бања, предсобје и балкон.

    Куќата е во одлична состојба.

  • Се нуди за изнајмување луксузна куќа со дворно место наспроти охридскиот аеродром

    Шифра
    50 005
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Издавање
    Цена
    EUR € 0

    Се нуди за изнајмување луксузно опремена куќа на два ката и дворно место наспроти охридскиот аеродром, со поглед на Охридско езеро.

    Куќата е на два ката со дворно место и паркинг. 

    Распоред на приземјe: дневна соба со трпезарија и кујна со излез во двор, спална соба, бања и ходник. 

    Рапоред на прв кат: првиот кат има сопствен влез во истиот одделен од приземјето, дневна соба со излез на балкон и излез во дворот, спална соба и бања. 

    Дворот е опремен со летниковец и дел за релаксација каде е поставена фурна.

    Куќата е опремена со најсовремен, луксузен мебел и бела техника, подно греење како и печка на пелети која со парно е поврзана на двата спрата. 

    Месечна кирија по договор. 

Страна 3 од 3

Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian