kapitalohrid.mk

Прикажи #:
Подреди по:
  • 1319_apartmani 1.jpgДве Куќи со дворно место кај Крст Џамија

    Шифра
    20 112
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 285,000

    Ексклузивна понуда:

    Две одделни куќи една до друга кај дисконт Алпојо.

    Куќите се продаваат заедно а позиционирани се една нaспроти друга. Делат заеднички двор и поседуваат две паркинг места. 

    Едната куќа се состои од посебни апартмани и истата се користи за туристички потреби. Другата куќа е семејна.

    Првата куќа се состои од пет целосно опремени апартмани и истата се продава комплетно опремена.

    Вкупна површина на парцела: 175 мкв и тоа:

    - Дворно место: 107 мкв.

    - Земјиште под зграда 1: 41 мкв.

    - Зјиште под зграда 2: 27 мкв.

    - Приземје: 96 мкв.

    - Прв кат: 99 мкв.

    Втората куќа е фамилијарна куќа на два ката и се продава делумно опремена. Во склоп на дворното место, куќата поседува летна кујна.

    - Приземје: дневна со трпезарија и кујна, остава, ходник и бања.

    - Втор кат: две спални соби, помала просторија ( остава или место за работа ), бања, ходник и два балкони. 

    Вкупна површина на паерцела: 115 мкв и тоа: 

    - Дворно место: 29 мкв.

    - Земјиште под зграда 1: 75 мкв.

    - Земјиште под зграда 2: 11 мкв.

    - Приземје: 51 мкв.

    - Кат 1: 57 мкв. 

    Совршен избор за семејно живеење и работа со издавање на апартмани.

    Во близина на куќите има: дисконт Алпојо, Крст Џамија, здравствени установи, школо, градинка, мини маркети итн.

  • Се нуди за изнајмување луксузна куќа со дворно место наспроти охридскиот аеродром

    Шифра
    50 005
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Издавање
    Цена
    EUR € 0

    Се нуди за изнајмување луксузно опремена куќа на два ката и дворно место наспроти охридскиот аеродром, со поглед на Охридско езеро.

    Куќата е на два ката со дворно место и паркинг. 

    Распоред на приземјe: дневна соба со трпезарија и кујна со излез во двор, спална соба, бања и ходник. 

    Рапоред на прв кат: првиот кат има сопствен влез во истиот одделен од приземјето, дневна соба со излез на балкон и излез во дворот, спална соба и бања. 

    Дворот е опремен со летниковец и дел за релаксација каде е поставена фурна.

    Куќата е опремена со најсовремен, луксузен мебел и бела техника, подно греење како и печка на пелети која со парно е поврзана на двата спрата. 

    Месечна кирија по договор. 

  • 1296_viber_image_2023-08-31_13-41-37-310.jpgКуќа во Билјанини извори на ул. Карпош Војвода

    Шифра
    20 111
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 145,000

    Ексклузивна понуда:

    Куќа со дворно место во Охрид, урбана заедница Билјанини извори, на ул. Карпош Војвода.

    Вкупната површина на парцела изнесува 177 мкв и тоа:
    - земјиште под зграда: 76 мкв и
    - дворно место: 101 мкв.

    Куќата е на три нивоа и тоа: приземје и два ката.

    Вкупната површина на куќата изнесува 188 мкв и тоа: 
    - приземје 57 мкв;
    - прв кат 60 мкв и балкон 5 мкв и
    - втор кат 61 мкв и балкон 5 мкв. 
    - ходници и скалила: 31 мкв

    Распоред на куќата:

    - приземје: деловен простор, една соба (спална) и бања;
    - прв кат: дневна соба со трпезарија и кујна со излез на балкон, спална соба и бања.
    - втор кат: дневна соба со трпезарија и кујна со излез на балкон, спална соба и бања. 

    Куќата е градена во 80тите по ЈУС градежно - архитектонски стандарди, реновирана и во одлична состојба. 

    Куќата се наоѓа на најатрактивен дел од градот за домување, на мирна и спокојна локација. Во непосредна близина на куќата се: супер маркети, зелено пазарче училишта, градинки, Болница Охрид, здравствени установи, услужни дејности и сл. 

    Совршен избор за фамилијарно домување.

  • 1289_viber_image_2023-07-12_13-26-38-632.jpgКуќа со дворно место во Лескоец

    Шифра
    20 110
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 98,000

    Ексклузивна понуда: 

    Прекрасна куќа со дворно место и плодно земјиште во Лескоец.

    Вкупна површина на парцела изнесува: 1.361 мкв и тоа:

    - земјиште под зграда: 73 мкв,

    - дворно место: 394 мкв и 

    - плодна нива: 894 мкв. 

    Куќата е со катност П + 2, а вкупната станбена површина изнесува 233 мкв и тоа: 

    - Приземје: станбена површина 42 мкв и гаража 20 мкв.

    - Прв кат: станбена површина 72 мкв и балкон логија 13 мкв.

    - Втор кат: станбена површина 73 мкв и балкон логија 13 мкв. 

    Куќата се наоѓа на главниот пат Охрид - Лескоец. 

  • 1284_Screenshot 2023-05-29 143909.pngКуќа со дворно место на Ул. Галичица, Охрид

    Шифра
    20 109
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 150,000

    Ексклузивна понуда:

    Куќа со дворно место на Ул. Галичица, Охрид, во непосредна близина на музичкото училиште.

    Вкупната површина на парцела изнесува 392 мкв и тоа:

    - земјиште под зграда: 74 мкв и 

    - дворно место: 318 мкв.

    Вкупната станбена површина на куќата изнесува 155 мкв и тоа:

    - приземје: 45 мкв, 

    - прв кат: 55 мкв и 

    - втор кат: 55 мкв. 

    Во близина на куќата има: основно музичко училиште, средно училиштем градинка, ресторани, маркети, различен вид продавници, ресторан итн.

    Куќата се наоѓа на мирна и спокојна локација совршена за семејно домување.

Страна 1 од 3

Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian