kapitalohrid.mk

Почетна Станови НОВИ ДВОСОБНИ СТАНОВИ 38 МКВ 42 МКВ ДАЉАН ОХРИД НА ЕЗЕРСКИ БРЕГ

id:1551
Шифра
10 183
Тип
Станови
Земја
Македонија
За
Продавање
Локација
Даљан
Урбана заедница
4 Воска
Површина
38, 42м2
Кат
Приземје, 1, 2, 3, 4 кат
Катност
Приземје + 4 ката + Поткровје
Спални
1
Тераси
1
Бањи
1
Година на градба
2026/2028
Цена
По договор

Нови двособни станови 38 мкв и 42 мкв на прекрасна локација во урбаната населба Даљан, 100-тина метри од плажата и Охридското Езеро. 

Стан 38 мкв. Распоред: комфорен дневен престој со кујна, трпезарија и дел за одмор, спална соба, бања и ходник. Приземје. Исток и запад. 

Стан 42 мкв. Распоред: комфорен дневен престој со кујна, трпезарија и дел за спиење и одмор, бања,  ходник и балкон. Кат 1, 2, 3 и 4, со лифт. Ориентација исток и запад. 

Цена по договор. Паркинг простор со доплата. 

Карактеристики: становите се наоѓаат во нова зграда во градба, со краен рок на примопредавање почеток на 2028 година. Објектот се гради по современите стандарди и трендови за висококвалитетно, стабилно, комфорно и економично домување, со одлична термо и звучна изолација, пвц дограма со шест комори и три стакла, под од првокласен паркет (таркет) и плочки од увоз прва класа, со инсталиран клима уред во дневната соба на секој стан. 

Атрактивна, мирна, урбана локација: на само 100-тина метри од плажите и Охридското Езеро, во популарната  крајезерска населба Даљан, надвор од градската бучава и сообраќаен метеж, на 1,8 km од центарот на Охрид и градскиот пазар. Во близина има маркети, туристичко-угостителски објекти, плажи и пешачки патеки на крајбрежниот појас кон Струга и преку ридот под Самоиловата тврдина, кон плажите Лабино и Потпеш и стариот дел на Охрид. 

Мудра инвестиција со идеален избор на стан за пријатно домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење покрај Охридското Езеро. 

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian