ЕКСКЛУЗИВНА ПОНУДА.
Комфорен, готов, опремен стан во строг центар Охрид, со поглед на езеро и стар град. На 100 m од чаршија и 200 m од кејот на Охридското Езеро.
Вкупна површина 100 мкв. Внатрешна површина на стан 90 мкв, балкон 10 мкв. 5 кат. Ориентација југозапад.
Распоред: комотен дневен престој, кујна и трпезарија, 2 спални соби, фоаје, бања и балкон со поглед на Охридско Езеро и ридот со стариог град.
Станот се продава комплетно опремен, со нов, модерен мебел во одлична состојба, бела техника и сите апарати за домаќинство. Во договор може да се продаде и делумно опремен или празен стан.
Карактеристики: станот е во релативно нова зграда со лифт, градена според современите стандарди и трендови за квалитетно домување. Располага со сопствено парно греење, подови од паркет и плочки, пвц столарија со одлична изолација, клима уред, ролетни со жалузини и др.
Премиум атракривна локација: Строг Центар на Охрид, урбано срце на градот, само 100 метри од чаршијата и плоштадот Св. Климент Охридски, 200 метри од Охридското Езеро и плажите, непосредно, пеш достапна локација до маркети, аптеки, банки, услужни дејности, институции и сите содржини на Охрид.
Идеален избор на квалитетен дом за живеење и времен престој, исплатлива инвестиција за идните генерации, со одлични можности за одмор, релаксација, рекреација и профитабилно туристичко работење.