Ексклузивен, комплетно опремен пентхасус пред туристичката населба Пештани, над плажа. Магичен, отворен поглед кон цело Охридско Езеро.
Вкупна површина на пентхаус апартман 116 мкв. Внатрешна станбена површина 73 мкв, балкон 43 мкв, бокс остава на покриено приземје 3 мкв. Последен кат. Ориентација југо-запад.
Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија со поглед на езеро, 2 спални соби, 2 бањи, дегажман, простран балкон со прекрасен, панорамски, широк поглед на Охридско Езеро, околните планини и шуми.
Пентхаусот се продава со нова, одлично сочувана, модерна опрема, мебел и сите апарати за домаќинство.
Карактеристики: висококвалитетен, докажано стабилен, релативно нов апартмански објект, изграден според современите европски стандарди, трендови и материјали со врвен квалитет на познати брендови, со одлична хидро, термо и звучна изолација, извонредни услови за комфорно и економично домување. Објектот располага со сопствен, голем, отворен паркинг простор, дизајнирани заеднички простории, лифт и обезбедено професионално тековно одржување, од страна на домар и градинар.
Уникатна можност за пријатно, спокојно домување и одмор, во природен зелено-син амбиент и приватна, уредена, чиста плажа, на неколку 10-тина метри од апартманскиот комплекс.
Ексклузивна прилика за мудра, исплатлива инвестиција со избор на вредна недвижност на источниот брег на Охридското Езеро, во мирна, живописна природа, на 12 километри од Охрид, сообраќајно поврзано, во близина на маркети, продавници, ресторани, хотели, плажи, патеки за пешачење и планинарење. Совршен избор за пријатно домување, времен престој, релаксација, рекреација и туристички бизнис. Ретко парче охридски езерско-планински рај, идеално местоп за уживање на вистинските хедонисти.