Веднаш вселив комфорен, трисобен стан со поглед на Езеро и стар град, во строг центар Охрид, до чаршија и стариот чинар.
Вкупна површина 80 мкв: Стан 68 мкв, 2 балкони 9 мкв, подрум 3 мкв. Распоред: влезен ходник, комотен дневен престој со кујна, трпезарија и камин, балкон на источна страна, голема спална соба, бања, ходник, детска соба, гостински тоалет, балкон со поглед кон Охридскиот рид и езерото. Кат 5 (последен), ориентација југ-исток.
Карактеристики: зграда од понов датум, со одличен квалитет, градена според современите стандарди, со лифт. Блиндор сигурносна влезна врата, под од паркет и плочки, пвц опрема, енергетска ефикасност, систем со парно греење на струја, надворешни ролетни.
Премиум локација: овој комфорен стан е во урбаното срце на Охрид, на булевар Туристичка, во непосредна близина на чаршијата и градскиот пазар, со лесна, пеш достапност до главните плоштади, стариот чинар, градскиот парк, кеј и пристаниште, маркети, институции, банки, бутици, хотели, ресторани, кафулиња и сите содржини во централното подрачје на Охрид.
Мудра, долгорочна инвестиција во недвижност со постојано зголемување на вредност, за квалитетно домување, времен престој, одмор и профитабилно туристичко работење.