kapitalohrid.mk

Почетна Станови ОПРЕМЕН ТРИСОБЕН СТАН 66 МКВ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ СО ПОГЛЕД КОН ОХРИД

id:1543
Шифра
10 176
Тип
Станови
Земја
Македонија
За
Продавање
Локација
Охрид Билјанини Извори
Урбана заедница
8 Биљанини извори
Површина
70м2
Кат
4
Катност
Приземје + 5 ката
Спални
2
Тераси
1
Бањи
2
Цена
EUR € 108,800

Готов, трисобен стан со подрум, на улица Галичица, Билјанини Извори Охрид 

Вкупна површина 70 мкв: Стан 62 мкв, балкон 4 мкв, подрум 4 мкв. Распоред: Влезен ходник, дневен престој, посебна кујна, спална соба, детска соба, бања, преграден балкон. Кат 4. Ориентација југоисток. Поглед кон Охрид и Самоилова тврдина. Нов заеднички паркинг простор околу зградата. 

Карактеристики: релативно постара зграда, одлично сочувана, градена по ЈУС стандарди, квалитетна и стабилна, без лифт. Стан со нова влезна врата, нова пвц дограма, под од паркет, комплетно опремена кујна одделена со армоника врата, спална соба со голем кревет и вградени плакари, детска соба со кревети на кат, ходник со вградени плакари и комплетно опремена бања. Подрум 4 мкв на приземје, преграден и затворен. 

Атрактивна локација: Станот е на улица Галичица, во урбаната населба Билјанини Извори (Стар Бејбунар), наспроти големиот маркет ТАМАРО, 500 метри од Охридското Езеро, 1 km од строгиот центар на Охрид и чаршијата. Во близина има бренд маркети, плажи, Национален Парк Галичица.

Одличен избор на веднаш вселив стан, за домување, одмор, времен престој и туристичко работење. 

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian