Комфорен, светол, четирисобен нов стан, во централна зона Охрид, 450 метри од чаршијата, 1 km од Охридско Езеро.
Вкупна површина на стан: 86 мкв. Кат 2 и кат 3 (мансарда). Ориентација југозапад. Паркинг простор со доплата.
Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија, 3 спални соби, ходник, 2 бањи и 1 балкон.
Карактеристики: станот се наоѓа во нов објект во изградба, кој се гради според најсовремени стандарди и трендови за стабилно, висококвалитетно, енергетски ефикасно, економично и комфорно домување. Краен рок за примопредавање на станот е почеток на 2027 година.
ТОП атрактивна локација: урбано јадро на Охрид, 450 метри до охридската чаршија и градскиот пазар, 1 km до градското пристаниште и Охридското Езеро. Мирна, централна зона за пријатно домување, во непосредна близина на сите содржини, маркети, банки, пазари, институции, хотели, ресторани, кафулиња и услужни дејности во строгиот центар на Охрид.
По поволна цена, обезбедете си нов, современ дом за комфорно живеење, одмор и времен престој, или за профитабилно туристичко работење во центарот на Охрид.