Нов, некористен апартман во туристичка населба Св. Стефан, на плажа, со прекрасен поглед кон Охридско Езеро и планина Галичица.
Вкупна површина: 44 мкв. Внатрешен станбен дел 37 мкв, комотен балкон 7 мкв. Цена 3000 Евра/мкв.
Распоред: дневен престој со кујна/трпезарија и спална соба со излез на балкон, претсобје-ходник, опремена бања. Кат 2, јужна ориентација.
Карактеристики: нов апарт хотел, изграден според интернационалните стандарди и трендови за современо, безбедно, квалитетно, еко, комфорно живеење. Модерно уредено фоаје со деск 24/7 и два лифта. Можност за користење паркинг места во рамки на дворот на зградата и отворен базен на уреден простор пред објектот.
Премиум атрактивна локација: на самата плажа во Св. Стефан, на неколку метри од Охридското Езеро, во мирен дел, со отворен поглед кон ретките природни убавини на Националниот Парк Галичица, езерската шир кон Св. Наум и магичното зајдисонце. Апартманот е на 5 минути возење од строгиот центар на Охрид, со кој е поврзан и со крајбрежна пешачка патека.
Одлична можност за мудра инвестиција во вредна, ексклузивна, уникатна недвижност, погодна за спокојно живеење близу до Охрид, надвор од урбаната стресна динамика, во сино-зелено природно опкружување, за времен престој, одмор, релаксација, рекреација и профитабилно туристичко работење.