kapitalohrid.mk

Почетна Станови НОВ ДВОСОБЕН СТАН 47 МКВ ОХРИД СТРОГ ЦЕНТАР ДО ЧАРШИЈА

id:1513
Шифра
10 147
Тип
Станови
Земја
Македонија
За
Продавање
Локација
Охрид Строг Центар
Урбана заедница
2 Центар
Површина
47м2
Двор
3м2
Кат
Приземје
Катност
Приземје + 2 ката + Поткровје
Спални
1
Бањи
1
Година на градба
2026/2028
Цена
EUR € 121,800

Нов стан во градба на премиум локација во строг центар на Охрид до чаршијата.

Вкупна површина: 47 мкв. Внатрешна површина на стан 44 мкв, дворно место-тераса 3 мкв. Приземје, јужна ориентација. 

Распоред: простран дневен престој со кујна и трпезарија, 1 двокреветна спална соба, ходник и бања. 

Карактеристики: станот е во нова, мала зграда во градба со краен рок за завршување почеток на 2028 година. Објектот се изведува според сите најсовремени градежно-архитектонски стандарди и најнови трендови за стабилно, квалитетно, модерно, енергетски ефикасно, економично и комфорно живеење. 

Премиум атрактивна локација: строг центар на Охрид, во срцето на урбаното јадро, само 300 метри до стариот Охридски чинар, плоштадот Крушевска Република, чаршијата и градскиот пазар, непосредно до сите градски институции, маркети, трговски, угостителски, хотелски објекти, банки, 500 метри-неколку минути пеш до Охридското Езеро, градскиот парк и кеј-шеталиште, пристаништето, плоштадот Свети Климент Охридски. 

Одличен избор за мудра инвестиција во вредна недвижност за повеќе идни генерации. Идеален за функционално домување со лесна достапност на сите содржини во централната зона на Охрид, за времен престој, одмор, рекреација и посебно за исплатливо туристичко работење и изнајмување. 

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian