Готово, комплетно опремено двособно студио 42 мкв, Охрид Строг Центар, I урбан блок до Охридско Езеро.
Вкупна површина: 42 мкв. Приземје. Источна ориентација, во срцето на хотелско-туристичката зона на Охрид, 1 минута до езерскиот кеј, 5 минути пеш до градското пристаниште
Распоред: дневен престој со трпезарија, кујна и дел за седење-одмор; 1 спална соба и бања. Паркинг.
Станот се продава комплетно уреден, со мебел, целосна опрема, сите елементи и апарати за домаќинство, со под од плочки, клима уред и др.
Двособното студио е во релативно нов објект, изграден според сите архитектонски, градежни стандарди и современи трендови за докажано безбедно, квалитетно, економично и комфорно домување.
Премиум атрактивна локација: Строг Центар на Охрид, прв урбан блок, 190 метри до Охридско Езеро, 1 минута пеш до езерскиот кеј-шеталиште, плажите и градскиот парк, во непосредна близина на Факултетот за туризам и угостителство, Црквата Св. Никола и Билјанините Извори, 5 минути пеш од градското пристаниште, главниот плоштад Св. Климент Охридски, чаршијата, непосредно до маркети, ресторани, кафетерии, хотели, банки и други дејности.
Ретка можност за мудро, исплатливо инвестирање во недвижност во урбаното срце на Охрид, во непосредна близина на сите атрактивни содржини на туристичкиот бисер. Идеална можност за избор на готов, веднаш вселив стан со имотен лист, за функционално домување, времен престој, пријатен одмор, релаксација, рекреација и туристичко работење во најпосакуваната градска зона на Охрид.