Висококвалитетни, смарт ливинг станови во Струга, 350 метри од чаршијата и 700 метри од Охридско Езеро. Цена поволна, по договор.
Трисобните супер комфорни станови се со површина од 82 мкв на 5 кат, северо-запад и станот од 101 мкв на поткровје, со јужна ориентација. Објектот има лифт.
Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија, 2 спални соби, 2 бањи, 2 ходници, гардеробна соба, остава, 2 балкони.
Трисобните смарт ливинг станови се во нова градба, што ќе биде завршена до декември 2027 година. Објектот е со највисоко ниво на квалитет, кој се гради по најсовремените градежно-архитектонски стандарди, со најнови технологии и иновации за сигурно, економично и комфорно домување. Ги нуди сите удобности, можности и предности на паметното домување со далечинско управување на домот.
Карактеристики: докажана стабилност, одлична изолација (хидро, топлотна), енергетска ефикасност на највисоко ниво со голема заштеда на енергија и ниски трошоци за греење и ладење, ПВЦ столарија, фасада и сите други содржини изградени со материјали од реномирани светски бренд производители, со урбан, функционален, внимателно осмислен стил и дизајн на екстериерот и ентериерот.
Можност за купување паркинг простор со доплата.
Атрактивна локација: становите се на одлична локација во Струга, на само 350 метри или 5 минути пеш од чаршијата и главното шеталиште во Струга, и на 700 метри, 7 до 10 минути пеш од градските езерски плажи.
Одличен избор за пријатно живеење и одмор во градот на Дрим и Охридското Езеро, за времен престој, рекреација и туристичко работење.