Висококвалитетни, модерни смарт ливинг станови во Струга, 350 метри од чаршијата и 700 метри од Охридско Езеро. Цена поволна, по договор.
Трисобните станови се со површина од 72 мкв, 75 мкв, 76 мкв и 82 мкв. 1 кат. Станот од 72 мкв е со северо-источна ориентација, станот од 75 мкв е на исток, станот од 76 мкв е на северо-запад, а станот од 82 мкв е на југо-исток. Објектот има лифт.
Распоред: дневен престој со кујна и трпезарија, 2 спални соби, 2 бањи, ходници и балкони.
Смарт ливинг становите се во нова градба, што ќе биде завршена до декември 2027 година. Објектот е со највисоко ниво на квалитет, кој се гради по најсовремените градежно-архитектонски стандарди, со најнови технологии и иновации за сигурно, економично и комфорно домување. Ги нуди сите удобности, можности и предности на паметното домување со далечинско управување на домот.
Карактеристики: докажана стабилност, одлична изолација (хидро, топлотна), енергетска ефикасност на највисоко ниво со голема заштеда на енергија и ниски трошоци за греење и ладење, ПВЦ столарија, фасада и сите други содржини изградени со материјали од реномирани светски бренд производители, со урбан, функционален, внимателно осмислен стил и дизајн на екстериерот и ентериерот.
Можност за купување паркинг простор со доплата.
Атрактивна локација: становите се на одлична локација во Струга, на само 350 метри или 5 минути пеш од чаршијата и главното шеталиште во Струга, и на 700 метри, 7 до 10 минути пеш од градските езерски плажи.
Одличен избор за пријатно живеење и одмор во градот на Дрим и Охридското Езеро, за времен престој, рекреација и туристичко работење.