Висококвалитетни, модерни смарт ливинг станови во Струга, 350 метри од чаршија и 650 метри од Охридско Езеро. Двособни станови од 50 мкв, 52 мкв и од 59 мкв. Цена по договор.
Станот од 50 мкв е со западна ориентација, на 1 кат, 2 кат и 4 кат. Цена: 1.450 Евра/1 мкв.
Станот од 52 мкв е со западна ориентација, на 1 кат, 2 кат и 5 кат. Цена: 1.450 Евра/1 мкв.
Станот од 59 мкв е со западна ориентација, на 1 кат, 2 кат, 4 кат и 5 кат. Цена: 1.400 Евра/1 мкв.
Распоред: дневен престој со кујна и трпезарија, 1 спална соба, бања, ходник и балкон, станот од 59 мкв има и остава.
Објектот е нова градба, што ќе биде завршена до декември 2027 година. Смарт ливинг становите се со највисоко ниво на квалитет, кои се градат по најсовремените градежно-архитектонски стандарди, со најнови технологии и иноации за сигурно, економично и комфорно домување. Ги нудат сите удобности, можности и предности на паметното домување со далечинско управување на домот.
Карактеристики: докажана стабилност, одлична изолација (хидро, топлотна), енергетска ефикасност на највисоко ниво со голема заштеда на енергија и ниски трошоци за греење и ладење, ПВЦ столарија, фасада и сите други содржини изградени со материјали од реномирани светски бренд производители, со урбан, функционален, внимателно осмислен стил и дизајн на екстериерот и ентериерот.
Можност за купување паркинг простор со доплата.
Атрактивна локација: становите се на одлична локација во Струга, на само 350 метри или 5 минути пеш од чаршијата и главното шеталиште во Струга, на 380 метри од градскиот пазар, на 650 метри, 7 до 10 минути пеш од градските езерски плажи.
Одличен избор за пријатно живеење и одмор во градот на Дрим и Охридското Езеро, за времен престој, рекреација и туристичко работење.