Четирисобен стан-smart living, строг центар Струга, 200 метри од Охридско Езеро.
Вкупна површина на стан 90 мкв, на 1 кат. Западно-северна ориентација. Паркинг гаража со доплата.
Распоред: простран дневен престој со кујна и трпезарија, 3 спални соби, 2 ходници и 2 бањи и 2 балкони. Можност за купување подземна паркинг гаража, на -1 ниво, со доплата.
Карактеристики: станот е во нов објект во градба (приземје + 2 ката + поткровје), со краен рок за примопредавање 2026 година. Овој релативно мал станбен објект се гради според најновите стандарди и светски трендови за „smart living“ (паметно домување), со врвен квалитет, докажана стабилност, еко домови со енергетска ефикасност А класа, материјали од најпознати светски производители, современи технологии, за економично и комфорно домување.
Најатрактивна локација во Струга: Строг Центар, на 200 метри од брегот на Охридското Езеро, до кејот на реката Црн Дрим, мостот на поезијата и градските плажи, хотел Дрим, паркови, угостителски и забавни објекти, институции, продавници, пешачки патеки, можности за рекреација, релаксација и одмор.
Совршен избор на нов, современ еко дом за комфорно живеење, со одлични услови за лесно секојдневно функционирање, времен престој, туристичко работење, одмор и рекреација во Струга.