kapitalohrid.mk

Почетна Куќи АТРАКТИВНА КУЌА ПРИЗЕМЈЕ И 2 КАТА СО ГОЛЕМ ДВОР ОХРИД ЦЕНТАР I ЗОНА ЕЗЕРО

id:1449
Шифра
20011
Тип
Куќи
Земја
Македонија
За
Продавање
Локација
Центар I линија на Езеро
Урбана заедница
2 Центар
Парцела
404м2
Површина
274м2
Двор
292м2
Катност
Приземје + 2 Ката
Спални
5
Тераси
5
Бањи
3
Цена
EUR € 940,000

Атрактивна-Ексклузивна понуда:

Пространа куќа со 274 мкв внатрешна станбена површина, двор од 292 мкв, прва урбана зона над Охридското Езеро, до градскиот кеј-шеталиште во Охрид, со поглед на езеро. Во најатрактивната и најпосакувана облас за живеење и одмор во строгиот центар на Охрид, на самиот брег на Охридското Езеро. 

Вкупна станбена, внатрешна површина 274 мкв, 84 мкв на приземје, 94 мкв на 1 кат, 96 мкв на 2 кат. Ориентација исток-југ. Земјиште под зграда 112 мкв. Простран двор 292 мкв. Куќа со приземје, два ката, подрум, големо дворно место. 

Распоред: Приземје со дневен престој и трпезарија, спална соба, посебна кујна, бања и тераса. Прв кат со дневен престој и трпезарија, 2 спални соби, посебна кујна, бања и 2 балкони. Втор кат со дневен престој и трпезарија, 2 спални соби, посебна кујна, бања и 2 балкони. Ходници, скалишта и подземен подрум. Простран хортикултурно уреден двор околу куќата со можност за престој, одмор, уживање, паркирање возила, чување дрва и различни ствари. 

Карактеристики: релативно нова, добро сочувана градба, изградена многу солидно, исклучително стабилна, според највисоките градежно-архитектонски стандарди, со врвен квалитет, одлична топлинска изолација, во исклучително добра, сочувана состојба од надворешната страна и во внатрешноста.

Куќата комплетно се продава во постојната состојба, со целосната опрема, мебел, апарати за домаќинство и се што се наоѓа во неа. Куќата е користена ретко, единствено за времен туристички престој на сопствениците. 

Нуди исклучителни услови за живеење во строгиот центар на Охрид, непосредно до брегот на Охридското Езеро, во урбан,  мирен амбиент, во внатрешноста на првата урбана зона со недвижности над Охридското Езеро, до  самото градско шеталиште, во срцето на Охрид. Куќата е доста пространа, со три апартмански целини, сите содржини за функционално и комфорно живеење, балкони на 1 и 2 кат со прекрасен поглед на Охридското Езеро. Душа на куќата и дава големото дворно место, оплеменето со зеленило, цвеќиња и прекрасен хуртикултурно уреден  амбиент. 

Премиум атрактивна локација: Строг Центар на Охрид, во првата, најценета урбана зона над Охридското Езеро. Веднаш до градскиот езерски кеј и шеталиште, до плажите, мостот Студенчишта, прочуените Билјанини Извори и истоимениот Спортско-рекреативен центар, Факултетот за туризам и угостителство, градскиот парк, во близина на централниот плоштад во Охрид, градското пристаниште, хотелско-угостителски и објекти за забава, спортско- рекреативни содржини, охридската чаршија, маркети, банки, институции и услужни дејности, сите лесно и брзо достапни пеш. 

Уникатна прилика за мудра инвестиција во вредна недвижност за многу идни генерации, чија вредност секојдневно расте. Идеална можност за пријатно домување на највисоко ниво, во средина со прекрасна природа во најпривлечната урбана зона во строгиот центар на Охрид, за времен престој, туристичко работење, одмор, релаксација, рекреација и уживање на вистинските вљубеници во прекрасниот Охрид. 

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian