Двособен јужен стан во Охрид, на Булевар Туристичка, во урбана заедница Лескајца.
Вкупна површина 49 мкв и тоа стан 46 мкв и балкон лоѓија 3мкв. Кат 2 и 3 со лифт. Ориентација југ. Паркинг во гаража со доплата по договор.
Распоред: влезен ходник, дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, спална, бања и балкон лоѓија.
Карактеристики: Станот се наоѓа во објект во градба кој се гради по најсовремени градежно-архитектонски стандарди со рок за примопредавање 06/2027 година.
Во непосредна близина на зградата има хотел, маркети, зелено пазарче, бензински пумпи, плажа.
Локацијата е оддалечена само 500 метри од брегот на Охридското Езеро и градската плажа Даљан, како и 1 км од градскот пазар во центарот на Охрид.