Топ понуда
Еден и единствен луксузен апартмански комплекс во Охрид.
Ви го претставуваме единствениот, ексклузивен, луксузен ресорт во Охрид, каде ќе имате шанса да уживате на најпрестижната локација во градот, на брегот на Охридското езеро во урбана заедница Центар, на мирна релаксирачка локација.
Комплексот се наоѓа на самото шеталиште покрај Охридското Езеро. Ресортот се состои од луксузен хотел и апартмански дел за домување или привремен престој.
Квадратура и карактеристики на апартман од 41 мкв.
Апартманот располага со: дневна со кујна и трпезарија со излез на балкон и бања. Апартманот е достапен на прв и трет кат со лифт.
*Ентериерот во зградата е лукзузно и софистицирано дизајниран со прекрасен атриум кој ќе го исполнува просторот со природна светлина за прекрасно чувство дека се ноѓате на отворено.
*Луксузен Спа Центар и отворен Руф топ базен на врвот на хотелскиот дел, достапен за сопствениците и корисниците на апартмаскиот комплекс.
*Луксузен Ресторан во хотелскиот дел.
* Комплексот се гради по најсовремени градежно архитектонски стандарди и енергетски ефикасно со систем за греење и ладење преку пумпи или сплит системи.
*Надворешноста на објектот е со панорамски прозори кои ќе овозможат природна светлина во текот на целиот ден, непречен поглед кон езерото, градот и другите природни убавини, што во сопствениот дом доведува до дополнителна релаксација и уживање.
Комплексот ќе има 24/7 обезбедување што ќе допринесе за сигурноста и безбедноста на станарите. Комплексот ќе биде партерно уреден со зеленило а пред него ќе има прекрасен уреден парк.
Ова е неповторлива можност за инвестиција во недвижен имот со гарантирана постојана додадена вредност. Топ локација, највисок квалитет, најголеми можности. Дом од соништата каков секој би посакал.