Двособен северозападен стан во нова градба во Охрид, на булевар „Туристичка“, урбана заедница Лескајца.
Вкупна површина на стан со балкон 48 мкв. Кат 3. Ориентација северозапад. Обврзно купување и подземна паркинг гаража, со доплата.
Распоред: дневна соба со трпезарија и кујна со излез на балкон, спална соба со излез на балкон, бања, ходник и балкон.
Зградата се гради по најсовремени градежно - архитектонски стандарди, со висококвалитетни материјали, по најсовремени интернационални трендови. Објектот се наоѓа во непосредна близина на хотел Фламинго.
Зградата е во завршна фаза на градба, со рок на примопредавање почеток на 2027 година.
Совршен избор за современо, комфорно домување, времен туристички престој, одмор и туристичко работење.