kapitalohrid.mk

Почетна Куќи ДЕЛ ОД КУЌА 110 МКВ СТАР ГРАД ОХРИД СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРО

id:1340
Шифра
20 008
Тип
Куќи
Земја
Македонија
За
Продавање
Урбана заедница
1 Стар Град
Површина
110м2
Кат
1 и 2
Спални
2
Тераси
1
Бањи
3
Година на градба
2011
Цена
EUR € 225,000

ЕКСКЛУЗИВНА ПОНУДА - СТАР ГРАД:

Кат од куќа и поткровје со отворен, широк поглед на Охридско Езеро и Стар град Охрид, 110 мкв.

Прекрасен, автентичен дел од куќа, 1 кат и поткровје во срцето на старото урбано јадро на Охрид – Варош, на атрактивна локација, под Античкиот Театар.

Делот од куќата има свој паркинг простор.

Катот е со посебен независен влез, со контролен водомер и посебно електрично броило. 

Вкупната внатрешна станбена површина изнесува 110 мкв и тоа:

Кат 1 има 75 мкв, и тоа 60 мкв површина на стан и 15 мкв балкон.

Поткровјето има 35 мкв со незапишани права.

Кат 1 распоред: дневен престој со кујна и трпезарија има прекрасен, непречен поглед на Охридското Езеро, спална соба со сопствена бања и поглед кон Самоиловата тврдина и Античкиот театар, ходник кој води до простран балкон со поглед кон Античкиот театар и бања. Поткровјето со прозори се состои од една спална соба, за спиење и одмор, со можност за работен дел и за складирање ствари.  

Карактеристики: година на градба 2011, куќата е градена во автентичен охридски, староградски архитектонски стил, со висока стабилност и стандардизиран квалитет, сопствен паркинг, греење на струја, автентични дрвени прозори, врати од масивно дрво и демит фасада.

Куќата е со енергетска ефикасност и одлична изолација.

Делот од куќата се продава комплетно опремен со најсовремен, квалитетен мебел, апарати за домаќинство - бела техника и со вредни, авторски уметнички дела.

Одлична, визионерска, мудра инвестиција со трајни вредности во срцето на древниот град – Лихнид, во дел од охридското, светско културно-историско и природно наследство под заштита на УНЕСКО.

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian