kapitalohrid.mk

Почетна Куќи Се нуди за изнајмување луксузна куќа со дворно место Горна Влашка Мала

id:1306
Шифра
50 004
Тип
Куќи
Земја
Македонија
За
Издавање
Локација
Горна Влашка Мала
Површина
221м2
Катност
2
Спални
2
Тераси
2
Бањи
3
Цена
По договор

Луксузно опремена куќа во Охрид во урбана заедница Горна Влашка Мала, улица " Питу Гули", во непосредна близина на автобуската станица.

Распоред на приземје: дневна со трпезарија, кујна, остава и бања, излез во двор.

Распоред на кат 1: голема дневна со трпезарија и кујна, купатило и балкон со скали за излез во двор.

Распоред на кат 2: две спални соби, бања и балкон. 

Карактеристики: Куќата се продава комплетно опремена со модерен мебел и електрични уреди. Од уреди за греење, куќата поседува парно, две инвертер клими и печка на пелети. Купатилата во куќата се снабдени со проточни бојлери. Купатилата и кујните се модерно опремени. 

Приземјето е поплочено, додека на првиот кат има паркет а на вториот кат ламинат. Внатрешните скали од приземјето до вториот кат се од мермер, терасите, внатрешните и надворешните скали од дворот се обложени исто така со мермер. 

Куќата од надворешна страна е покриена со ролетни и надворешна, сигурносно блиндирана врата.

Куќата е под 24/7 надзор од камери. 

Куќата е со дворно место, а во истото има и помошна просторија.

Во непосредна близина на куќата има: автобуска станица, бензиска пумпа, ресторан, училиште, градинка, маркети, аптеки итн.

Совршен избор за фамилијарно домување. 

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian