kapitalohrid.mk

Почетна Плацови / Ниви Ексклузивно Земјиште во Крушево “Плевна Кареска“ 17.282 мкв

id:1158
Шифра
40 073
Тип
Плацови / Ниви
Земја
Македонија
За
Продавање
Локација
Крушево
Парцела
17282м2
Цена
EUR € 148,000

Ексклузивна понуда

Земјиште во Крушево со историска вредност, кое е во сопственост на фамилијата Каревци повеќе од 100 години. Земјиштето било во сопственост на Јанаки Карев - таткото на Никола Карев. Јанаки Карев бил сопственик на најголемиот дел од земјиштето околу денешното езеро. На местото на денешното езеро во минатото имало река каде крушевчанки переле. Најубавото парче земје Јанаки му го оставил на неговиот најмлад син - Ѓорѓи Карев. Од целокупната земја на фамилијата Каревци овој плац се сметал како највреден. На земјата има остатоци од плевна во која Ѓорѓи Карев, брат на Никола Карев, ја чувал стоката - коњи и крави. Земјата во тоа време Каревци ја обработувале и тоа им било извор на егзистенција. На фармата работеле и други луѓе за пари - момоци, така што истата била извор на егзистенција и на други фамилии. Од тука меѓу крушевчани ова место е познато под името “Плевната Кареска“.

Земјиштето се наоѓа на КП 2215, 2216, 2219, 2221 во КО Крушево - вон град со запишани права во Имотен лист 808 во КО Крушево вон град. Земјиштето има вкупна површина од 17282 мкв. Земјиштето е целосно оградено со бетонски столбови 180 см високи и плетена жичана ограда. Земјиштето има две влезни врати од горната и долната страна. 

Земјиштето се наоѓа на атрактивна локација, над езерото со прекрасен поглед кон езерото, “Беговата корија“, спортските игралишта и локалитетот “Гумење“.

Земјиштето се наоѓа на рељефен терен и тоа делови се рамни, а делови се со пад. Низ истото поминува поток кој е притока на реката што го полни езерото. На земјиштето има и 3 извори со вода.

Големината на земјиштето - скоро 2 хектари, како и неговата локација - прв ред до зелениот појас дефиниран со урбанисктичкиот план за просторот околу езерото во Крушево, овозможува урбанзација на парцелата согласно желбата и визијата на  купувачот. Има идеални услови за изградба на хотелиерски објект.

Согласно извршени мерења од надлежни акрадитирани странски установи утврдено е дека земјиштето има најмногу сончеви часови во таа област и истато е погодно за поставување на сончеви панели за производство на електрична енергија.

Единствена понуда во Крушево со историска вредност.

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian