kapitalohrid.mk

Прикажи #:
Сортирај по:
  • 1449_viber_image_2025-07-23_14-25-17-110.jpgАТРАКТИВНА КУЌА ПРИЗЕМЈЕ И 2 КАТА СО ГОЛЕМ ДВОР ОХРИД ЦЕНТАР I ЗОНА ЕЗЕРО

    Шифра
    20011
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 940,000

    Атрактивна-Ексклузивна понуда:

    Пространа куќа со 274 мкв внатрешна станбена површина, двор од 292 мкв, прва урбана зона над Охридското Езеро, до градскиот кеј-шеталиште во Охрид, со поглед на езеро. Во најатрактивната и најпосакувана облас за живеење и одмор во строгиот центар на Охрид, на самиот брег на Охридското Езеро. 

    Вкупна станбена, внатрешна површина 274 мкв, 84 мкв на приземје, 94 мкв на 1 кат, 96 мкв на 2 кат. Ориентација исток-југ. Земјиште под зграда 112 мкв. Простран двор 292 мкв. Куќа со приземје, два ката, подрум, големо дворно место. 

    Распоред: Приземје со дневен престој и трпезарија, спална соба, посебна кујна, бања и тераса. Прв кат со дневен престој и трпезарија, 2 спални соби, посебна кујна, бања и 2 балкони. Втор кат со дневен престој и трпезарија, 2 спални соби, посебна кујна, бања и 2 балкони. Ходници, скалишта и подземен подрум. Простран хортикултурно уреден двор околу куќата со можност за престој, одмор, уживање, паркирање возила, чување дрва и различни ствари. 

    Карактеристики: релативно нова, добро сочувана градба, изградена многу солидно, исклучително стабилна, според највисоките градежно-архитектонски стандарди, со врвен квалитет, одлична топлинска изолација, во исклучително добра, сочувана состојба од надворешната страна и во внатрешноста.

    Куќата комплетно се продава во постојната состојба, со целосната опрема, мебел, апарати за домаќинство и се што се наоѓа во неа. Куќата е користена ретко, единствено за времен туристички престој на сопствениците. 

    Нуди исклучителни услови за живеење во строгиот центар на Охрид, непосредно до брегот на Охридското Езеро, во урбан,  мирен амбиент, во внатрешноста на првата урбана зона со недвижности над Охридското Езеро, до  самото градско шеталиште, во срцето на Охрид. Куќата е доста пространа, со три апартмански целини, сите содржини за функционално и комфорно живеење, балкони на 1 и 2 кат со прекрасен поглед на Охридското Езеро. Душа на куќата и дава големото дворно место, оплеменето со зеленило, цвеќиња и прекрасен хуртикултурно уреден  амбиент. 

    Премиум атрактивна локација: Строг Центар на Охрид, во првата, најценета урбана зона над Охридското Езеро. Веднаш до градскиот езерски кеј и шеталиште, до плажите, мостот Студенчишта, прочуените Билјанини Извори и истоимениот Спортско-рекреативен центар, Факултетот за туризам и угостителство, градскиот парк, во близина на централниот плоштад во Охрид, градското пристаниште, хотелско-угостителски и објекти за забава, спортско- рекреативни содржини, охридската чаршија, маркети, банки, институции и услужни дејности, сите лесно и брзо достапни пеш. 

    Уникатна прилика за мудра инвестиција во вредна недвижност за многу идни генерации, чија вредност секојдневно расте. Идеална можност за пријатно домување на највисоко ниво, во средина со прекрасна природа во најпривлечната урбана зона во строгиот центар на Охрид, за времен престој, туристичко работење, одмор, релаксација, рекреација и уживање на вистинските вљубеници во прекрасниот Охрид. 

  • 1282_viber_image_2023-04-24_11-58-53-612.jpgКуќа со дворно место и поглед на езеро во Велестово

    Шифра
    20 004
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 400,000

    Куќа во с.Велестово со дворно место на прекрасна локација од која се гледаат целиот град Охрид и Охридско езеро.

    Вкупната изградена површина на куќата изнесува 320 мкв од кои 43 мкв се помошни простории.

    Куќата располага со: сутерен кат, прв кат и втор кат. 

    Сутерниот кат од куќата е комплетно завршен, додека првиот и вториот кат од куќата се во зафршна фаза.

    Прекрасно место опкружено со природа која дава чувство на интимност и спокој. 

     

  • 1459_Objekt Goce Delcev 3.jpgКУЌА ВО СРЦЕТО НА СТАРА ЧАРШИЈА-ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

    Шифра
    20 012
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 265,000

    ИСКЛУЧИТЕЛНО АТРАКТИВНА ПОНУДА:

    Нова куќа во срцето на старата охридска чаршија, на ул. Гоце Делчев, веднаш до градскиот пазар. Во непосредна близина на стариот чинар, близу Охридско Езеро и централниот плоштад Св. Климент Охридски. 

    Куќата е новоградба, со приземје и два ката, со влез во чаршијата, на ул. Гоце Делчев. Секое ниво е со еднаква површина по 34 m², обезбеден санитарен јазол и ПВЦ дограма, приземјето и двата ката се поврзани со внатрешни скалишта.  

    Исклучително атрактивна локација: на улица Гоце Делчев, во најфрекфентна централна урбана зона, најпопуларна за жителите на Охрид и за туристите, со многу продавници, ресторани и кафулиња, на влезот во градскиот пазар. Куќата е меѓу првиот и вториот охридски чинар, на 50 метри од плоштадот Крушевска Република, на 500 метри од Охридското Езеро, градското пристаниште и главниот плоштад Свети Климент Охридски. 

    Со централната, привлечна локација и можностите кои ги нуди станбено-деловниот објект, за живеење, туристичко работење и различни деловни активности, тој е идеална опција за вредна, визионерска, мудра исплатлива инвестиција, која со времето постојано ќе се оплодува, без разлика на намената. 

  • 1474_Objekt Goce Delcev 2.jpgСТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ВО СРЦЕ СТАРА ЧАРШИЈА-ПАЗАР ОХРИД

    Шифра
    30 005
    Тип
    Деловни простории
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 265,000

    ИСКЛУЧИТЕЛНО АТРАКТИВНА ПОНУДА:

    Нов станбено-деловен објект во срцето на старата охридска чаршија, на ул. Гоце Делчев, веднаш до градскиот пазар. Во непосредна близина на стариот чинар, близу Охридското Езеро и централниот плоштад Св. Климент Охридски. 

    Објектот е новоградба, со приземје и два ката и влез од чаршијата, на ул. Гоце Делчев. Секое ниво е со еднаква површина по 34 m², обезбеден санитарен јазол и ПВЦ дограма, приземјето и двата ката се поврзани со внатрешни скалишта.  

    Исклучително атрактивна локација: на улица Гоце Делчев, во најфрекфентна централна урбана зона, најпопуларна за жителите на Охрид и за туристите, со многу продавници, ресторани и кафулиња, до  влезот во градскиот пазар. Објектот е меѓу првиот и вториот охридски чинар, на 50 метри од плоштадот Крушевска Република, на 500 метри од Охридското Езеро, градското пристаниште и главниот плоштад Свети Климент Охридски. 

    Со централната, привлечна локација и можностите што ги нуди станбено-деловниот објект, за развивање бизниси и различни деловни активности, за живеење и за туристичко работење, ова е идеална опција за вредна, визионерска, мудра исплатлива инвестиција, која со времето постојано ќе се оплодува, без разлика на намената. 

  • 1544_Трпезарија 1.jpgГОТОВ ТРИСОБЕН СТАН 80 МКВ СТРОГ ЦЕНТАР ОХРИД СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРО

    Шифра
    10 177
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 235,000

    Веднаш вселив комфорен, трисобен стан со поглед на Езеро и стар град, во строг центар Охрид, до чаршија и стариот чинар. 

    Вкупна површина 80 мкв: Стан 68 мкв, 2 балкони 9 мкв, подрум 3 мкв. Распоред: влезен ходник, комотен дневен престој со кујна, трпезарија и камин, балкон на источна страна, голема спална соба, бања, ходник, детска соба, гостински тоалет, балкон со поглед кон Охридскиот рид и езерото. Кат 5 (последен), ориентација југ-исток. 

    Карактеристики: зграда од понов датум, со одличен квалитет, градена според современите стандарди, со лифт. Блиндор сигурносна влезна врата, под од паркет и плочки, пвц опрема, енергетска ефикасност, систем со парно греење на струја, надворешни ролетни. 

    Премиум локација: овој комфорен стан е во урбаното срце на Охрид, на булевар Туристичка, во непосредна близина на чаршијата и градскиот пазар, со лесна, пеш достапност до главните плоштади, стариот чинар, градскиот парк, кеј и пристаниште, маркети, институции, банки, бутици, хотели, ресторани, кафулиња и сите содржини во централното подрачје на Охрид. 

    Мудра, долгорочна инвестиција во недвижност со постојано зголемување на вредност, за квалитетно домување, времен престој, одмор и профитабилно туристичко работење.

Страна 1 од 16

Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian